Снимањето на новиот филм за Бетмен продолжува во септември

Снимањето на новиот филм за Бетмен продолжува наредниот месец во студиото на Warner Bros во Велика Британија.

Снимањето беше прекинато во март поради пандемијата на коронавирусот.

Според информациите, остануваат уште 3 месеци од снимањето, а снимањето би можело да биде завршено до крајот на годината доколку не се влоши ситуацијата со пандемијата.

Мет Ривс го напиша сценариото и ќе го режира филмот. Роберт Патинсон ќе биде новиот Бетмен.

Освен Патинсон, во филмот ќе глумат и Зои Кравиц, Колин Фарел, Пол Дено и Џон Тортуро.