Снимател на „Фокс њуз“ убиен во Украина

Снимателот на американскиот Фокс њуз, чиј идентитет засега не е познат, е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП.

Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина.

Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повреден дописникот на Фокс Бенџамин Хол.

– Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот.