Снимката од пилотската кабина на „Флај Дубаи“ е оштетена

Припадниците на руската истрага се обидуваат да ги дешифрираат податоците од снимката од пилотската кабина на авионот на компанијата „Флај Дубаи“ што се сруши на аеродромот кај Ростов на Дон за да откријат зошто пилотот се обиедел да го приземји авионот и покрај силниот ветер.

Црната кутија на „Боингот 737 – 800“ што се сруши во саботата за време на вториот обид за слетување при што загинаа сите 62 патници и членови на екипажот е отворена, а квалитетот на записот е добар, изјави шефот на Меѓународниот воздухопловен комитет Сегеј Заико.

Меѓутоа, звучниот запис од пилотската кабина, што би требало да ги даде клучните податоци за последниот разговор на пилотите е тешко оштетен и треба да биде реставриран, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Целта на истрагата е и да се открие како била донесена одлуката за слетувањето на авионот, зошто авионот кружел над аеродромот цели два часа како и за што точно размислувале пилотите и работниците во контролната кула.

Засега нема индикации дека станува збор за терористички напад.

Црните кутии, што беа доставени во Москва ги испитуваат експерти од Русија, Обединетите Арапски Емирати, Франција и САД, затоа што срушениот „Боинг“ кој е произведен во САД имал мотори произведени во Франција.

Како изгледаше падот на патничкиот авион, погледнете на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.