Сноуден е убеден дека САД сигурно ќе се мешаат во руските избори, и обратно

Сноуден: Дроновите создаваат повеќе терористи отколку што убиваат

Соединетите држави сигурно ќе се мешаат во изборните процеси во Русија, како што тоа ќе биде и обретен сличај, смета поранешниот американски разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден кој пред неколку години го обелодени шпионирњето на САД во целиот свет, а истовремено вели дека откако му е поништен американскиот пасош во Русија се „паднал во стапица“.

„Нема сомнение дела Русија ќе се меша во изборите (во САД). Нема сомнение ниту дека Америка ќе се меша во руските избори. Никој не сака да зборува за тоа“, вели Сноуден во интервјуто со американскиот новинар Џо Роган за поткастот Joe Rogan Experience, кој е достапен на YouTube.

Во прилог на своето тврдење, Сноуден потсетува на еден напис во весникот The New York Times од 2016 година, чии автори пронашле 36 примери на мешање на Русија или поранешниот СССР во изборните процести во текот на 50 години и истовремено 81 пример на мешање во изборите од страна на САД.

Во април годинава, по речиси двегодишна истрага, беше објавен извештајот на американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година и „заговор“ на кампањата на актуелниот претседател Доналд Трамп со владата на Русија, како и дали републиканскиот претседател ја опструирал истрагата. Извештајот беше објавен со значителни кратења за јавноста, и во него се наведува дека нема докази дека изборниот штаб на Трамп соработувал со Москва, но дека имало руско мешање во американскиот изборен систем без да се изнесат докази за тоа. Русија повеќепати негираше дека има поврзаност особено со хакирањето на серверите на американската Демократска партија, што се смета за една од главните причини за поразот на нивната претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Во разговорот поранешниот соработник на Централната разузнавачка агенција (CIA) и на Агенцијата за национална безнедност (NSA), кој доби азил во Русија, ја критикува нејзината политика и смета дека останувајќи во оваа земја „паднал во стапица“ поради поништувањето на неговиот американски пасош.

Во јули 2013 година, Едвард Сноуден остана блокиран на транзитниот терминал на московскиот меѓународен аеродром Шереметјево, каде што допатува од Хонгконг во обидот да замине во некоја од земјите во Јужна Америка, откако во британски The Guardian објави за масивното следење на комуникациите во целиот свет од страна на САД преку интернет и мобилните оператори.

„Одамна истапувам со критики за руската влада. Го критикував рускиот претседател, ги критикував руските закони за следење. Тоа не го прави лесен мојот живот во земјата којашто не ја избрав и каде што просто сум заробен, затоа што првично се упатив кон Латинска Америка, а владата на САД го поништи мојот пасош, така што јас бев заробен во Русија“, вели Сноуден.

„Тешко е да се биде во опозиција на политиката на владата на САД, како и на владата на Русија. Тое е тешко, но е неопходно“, додава поранешниот разузнавач кого голем дел од светската јавност го смета за борец за слободата на говорот.

Сноуден во пролетта 2013 година објави во печатот сведоштва за методите на електронското следење на комуникациите на американските разузнавачки служби, вклучително и нелегалното прислушување на разговорите на странски челници, од кои многу сојузници на САД. Бегајќи пред прогонот од американските власти, Сноуден испрати барања за азил до властите на неколку земји, меѓу кои и на Русија. Неможејќи да прелета во Јужна Америка, бидејќи властите на западните земји ги прегледуваа сите интерконтинентални летови кон континентот, остана практично заробен на московскиот аеродром. Дури на 1-ви август 2014 година, тој доби дозвола за престој на територијата на Руската Федерација со важност од три години, што подоцна му беше продолжен за истиот период.

Во САД, Сноуден е обвинет за кршење на два члена од тамошниот закон за шпионажа. За секое од овие обвинувања се соочува со казна до 10 години затвор. Претставниците на администрациите на двата последни американски претседатела во неколку наврати изјавија дека сметаат оти Сноуден е предавник и оти нема да му биде простено, идејќи нанел сериозна штета на интересите на националната безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.