Сноуден открил 1,7 милиони тајни документи од американските служби

Поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден украл открил 1,7 милиони тајни документи поврзани со разузнавачките операции на вооружените сили на САД, се вели во таен извештај на Пентагон, пренесуваат светските агенции.

Минатата година Сноуден откри јавно 250.000 тајни документи на службите, но бројот на документи што ги одзел од Агенцијата за национална безбедност (НСА) во САД, изгледа e многу поголем.

Поголемиот дел од нив се поврзани со тековните операции на американската армија, морнарица и воздушните сили, посочуваат раководителите на разузнавачката комисија во Конгресот.

Според нив, ако дел од овие информации стигнат до јавноста, може да нанесат сериозни штети врз разузнавачките активности на САД.

На деветти декември европратениците одлучија да испратат покана до Сноуден да сведочи во рамките на истрагата на ЕП во врска со шпионажата од страна на американските служби.

Вчера директорот на ФБИ Џејмс Коуми изјавил дека е вознемирен, бидејќи многу луѓе го нарекуваат поранешниот вработен Сноуден национален херој.

Името на Сноуден се прослави во светот во јуни 2013 година, кога тој им предаде на весниците „Гардијан“ и „Вашингтон пост“ серија на тајни материјали за програмите за следење преку интернет, дело на разузнавањето на САД и Велика Британија.

По она што се случило тој полета за Хонг Конг, а од 23 јуни до август 2013 година се наоѓаше во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево. Потоа Сноуден добие привремено засолниште во Русија, во период од една година.

Според Коуми САД работат со Русија активно во областа на безбедноста во врска со претстојните Зимски олимписки игри во Сочи, но тој нема намера да разговара со Русите за ситуацијата со Сноуден.