СНС на Вучиќ има убедливо водство во анкетите во Србија

Ди=околку изборите во Србија би се одржале во моментов, владејачката Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ ќе победела убедливо со 59,8 отсто од гласовите, изјави во неделата директорот на агенцијата за истражување јавно мислење Ипсос, Марко Уљаревиќ.

„Значи, не зборуваме за избори за една година, две или три, невозможно е да се предвиди. Но, ако изборите беа сега, СНС ќе имаше 59,8 проценти од гласовите, СПС 8,5 проценти, Партијата на слободата и правдата 4,2 проценти, ПОКС 3,2 и партијата ‘Доста е’ на Саша Радуловиќ би имале околу три проценти. Тоа се партии што би го минале цензусот“, изјави Уљаревиќ за белградси медиуми.

СНС освои околу 60 проценти од гласовите на последните избори, кога излегоа околу три милиона гласачи.

Според него, Вучиќ имал само еднаш поддршка помала од 40 отсто за осум и пол години. За споредба, Коштуница имаше 80 проценти во еден момент, по промените на 5-ти октомври 2000 година, но неговата популарност не траеше долго и по една година се намнали за половина. Рејтингот на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ беше 49 проценти еден месец по промените од споменатиот 5-ти октомври, а потоа падна на 24 до 28 отсто.

Уљаревиќ рече дека во овој момент се проценува дека околу три милиона избирачи ќе излезат на гласање, додека 700.000 луѓе размислуваат, неодлучни се и не се сигурни за кого да гласаат,