Со 200 денари поткуп сакал да му ја скинат казната

115

Дваесет и шест годишниот скопјанец С.Р. заработи кривична пријава, откако се обидел да поткупи полициски службеник за да му ја искине каната која му била напишана по сообраќаен прекршок.
Младиот скопјанец бил запрен на 7-ми месецов од полициски службеник бидејќи со автомобил „Опел Вектра“ возел со поголема брзина.

Полицаецот од С.Р. ги побарал потребните документи, а воедно забележал дека истиот не го имал ставено сигурносниот појас, а возилото имало фолии на стаклата за кои по проверката во сообраќајната дозвола утврдил дека нема забелешка дека истите се атестирани.

За сторениот прекршок полицискиот службеник изготвил Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови, но пријавениот не сакал да ги потпише и му предложил да се сретнат и да пијат кафе заедно, по што од паричникот извадил 200 денари во апоени од по 100 денари и му ги ставил во десниот џеп од ветровката, велејќи му да ја искине пријавата.

Веднаш по ова пријавениот бил лишен од слобода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.