ВИДЕО: Сo 415.000 евра ќе се помага промоцијата на македонското вино, овошје и зеленчук

Со 415 илјади евра Владата планира годинава да помогне македонското вино, но и овошје и зеленчук да се презентираат на десетина светски познати саеми за вакви производи.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев вели дека на агендата за 2014 ставени се два саема во Кина, два во Москва, во Вилнус, Берлин и за првпат ќе помогне македонските производи да се промовираат на престижните саеми во Њујорк.

Владата одлучи да ја зголеми помошта бидејќи лани оваа практика дала одлични резултати и допринела за зголемен извоз на македонските земјоделски производи.

„Има добри резултати самата оваа политика за илустрација може да послужи следниот пример дека минатата година Владата исто така финансираше присуство на наши компании на нови пазари и дека во рамкие само на деновите кога се одржувале саемите се склучени зделки во висина од 11,5 милиони за производи кои се извезени“, вели Ѓоргиев кој додаде дека лани за оваа намена биле издвоени 215 илјади евра.

Владата апелираше до компаниите и производители да го искористат овој бенефит и да аплицираат за помошта за промоција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.