Со 50 снимачи и 15 камери се зголемува безбедноста во автобусите на ЈСП

76

Во текот на неделава почнува монтирањето на 50 снимачи и 15 камери во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, пренесува Канал 5.

За нивната набавка ЈСП склучи договор со фирмата „Кенткарт“ од Турција вреден околу 45.200 евра.

Целта на набавката и монтажата на системот за видеонадзор и снимање е да  се зголеми безбедноста во автобусите.

Тие на МВР ќе им бидат од помош во случај ако се повторат инцидентите, односно тепачките меѓу средношколците во возилата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.