Со 80 гласа усвоени измените на Уставот

Собранието вечерва со 80 гласа „За“ и 39 гласа „Против“ донесе одлука за менување на Уставот и промена
на уставното име во согласност со Договорот со Грција.

На барање на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, гласањето се вршеше поединечно со именување и јавно гласање на пратениците.

Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За“ уставните измени гласаа пратениците Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Панче Иванов, Нола Исмајловска, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ.

Пратеникот Крсто Мукоски денеска беше ослободен од куќен притвор, за обвинението за настаните од 27
април, поради што можеше да присуствува на седницата и да гласа.