Со амандманите на Заев се бришат АСНОМ и државноста на Македонија

Во минатото бевме сведоци какко еднопартиските комунистички режими правеа ретуширања на минато,, бришејќи цели делови од националното минато на своите народи, а во македонскиот случај нивните идоелошки наследници – социјалдемократите на Зоран Заев продолжија по истите стапки вметнувајќи во предложените амандмански „корекции“ на Уставот со кои всушност се прави ткн „меко“ менување на Преамбулата.

Владата во петокот претпладнето ги усвои нацрт-амандманите за промени на Уставот кои ќе влезат во собраниска процедура. Премиерот Зоран Заев на прес-конференција изјави дека станува збор за четири „едноставни амандмани“ кои треба да се преточат во Уставот.

Првиот амандман се однесува на замената на зборовите „Република Македонија и Македонија со зборот Северна Република и Северна“. Измената ќе се однесува на сите членови освен на Членот 36 каде што, според толкувањето на Заев, има историски аспект и тој треба да се зачува.

Во Преамбулата, пак, зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „прогласот на АСНОМ“ и се додава Охридски рамковен договор кој со тоа, рече Заев, „ќе биде конститутивен елемент на државата“.

„Охридскиот рамковен договор е дел од Уставот, само тука се додава формулацијата Охридски рамковен договор“, изјави премиерот. Меѓутоа, кога станува збор за „одлука“ на државотворниот орган на современата македонска држава, тогаш станува збор и  историски фалсификат таа да се преименува во „Прогласот“ на АСНОМ. А поради тоа што, ако остане вака, тоа според Заев би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција, затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот имено го нема тој дел, туку во него се зборува воопштено за единство во државата,  демократијата,  слободата, човековите права .

Со третиот амандман се додава еден став, а тоа е дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“. Со тоа, според Заев, се даваат „дополнителни гаранции за трајноста и неповредливоста на границите со Грција, иако овде се однесува за сите соседи“. А тоа претставува нон-сенс, бидејќи не постои највисок законодавен акт во светот кој на се грижи за соседните држави, односно се занимава со странски земји,

Во четвртиот амандман, за кој Заев тврди дека треба да претставува потврда на македонскиот идентитет, иако веќе ги брише Одлуките од АСНОМ, се наведува дека „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината“. Со овој амандман се прави преформулација на членот 49, и Македонија презема дополнителна обврска да „не се меша во суверените права на други држави и нивните внатрешни работи“, што веќе беше корегиран член исто така под притисок на Грција и исто така во време на влада на СДСМ.

Така, покрај бришењето на одлуките од АСНОМ, во Уставот ќе биде биде избришан и вековниот стремеж за независна држава Македонија и за Илинден, а ќе биде впишан Рамковениот договор, со што дефакто Македонија станува држава која се заснова на два договора- оној од Охрид, потпишан по воен колфикт со албанските бунтовници, и овој од Преспа, склучен со Грција која го присвојува името Македонија, како и произлезената придавка.