Со амнестија и трговија се стигна до мнозинство за уставни измени

159

Со амнестија и трговија се стигна до мнозинството од 80 пратеници за уставните измени, последниот 80-ти пратеник беше пуштен од домашен притвор неколку часа пред гласањето само за да дојде до Собрание и да гласа, рече лидерот за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот дуел на МРТ1.

Тој таму му порача на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев дека со амнестијата кој аја донесоа за настаните од 27 април, единствено тргуваа со пратениците за да ги обезбедат потребниот број пратеници за двотретинско мнозинство, за време на уставните промени за името на Македонија.

80 пратеника беа тој срамен чин тој срамен 19 октомври. 80 беа, потоа беа 81 откако еден пратеник повторно го иставувавте како што само вие знаете. Но ќе ве потсетам на онаа трас трас судска одлука, на онаа амнестија која што ја дававте само за да дојдете до таа број од 80 и ќе ве потсетам на оној Стокхолмнски синдром, кој што е прилично претпознатлив за вас. Но, да ве потсетам, истовремено, на последниот 80-ти пратеник кој го ослободивте одд куќен притвор на неколку часа пред гласањето на 19 октомври, рече Мицкоски.

Тој му порача на Заев дека отприлика така изгледа демократијата кога тој е премиер на државава.

Мицкоски истакна дека не може да се сложи со нешто што Заев потпишал и тоа за пусти пари и за власт.

Не можам да се сложам со нешто што господинот Зоран Заев го потпишал за пусти пари и власт. Тоа не можам да го прифатам затоа што демократски и елементарно загарантирано човеково право во 21-от век е да се пори за своите права и правдини. И тука никој не може таа моја борба, тој мој пркос како човек, настрана што сум јас сега претседател на најголемата политичка партија, да ми го оспори, констатираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е сериозна, државотворна партија и дека ќе направат се што е во нивна моќ да ги корегираат грешките кои што Зоран Заев ги направи со потпишувањето на капитулантските договори.

Ние сме сериозна државотворна партија, но истовремено ќе дадеме се од себе, што е во наша моќ сите грешки кои што ги направи Зоран Заев, со овие капитулации, да ги корегираме. Дали ќе успееме, не знам, но важно е да дадеме се до себе, да дадеме максимум, да им покажеме на народот дека сакаме. Народот тоа знае да го цени и ќе виврати. Народот дава и зема, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.