Со автомобил по скали и избегал на полицијата

Вистинска филмска потера се случила во саботата вечерта во Бања Лука, кога возачот на „пежо 205“ на невообичаен начин и избега на полицијата која со запалени ротациски светла го бркаше низ градот.

Целиот настан го снимил корисник на Твитер, по што истиот бил пренесен и од медиумите.

https://youtu.be/AITOELSzvas?t=3

Сликата покажува дека возачот на „пежо” бега од полицијата низ тесна улица во центарот на градот. Кога ќе дојде до Градскиот пазар тој одлучи да ја испроба својата среќа па со автомобилот се спушти по скалите кон внатрешноста на пазарот.
Не е познато дали возилто претрпело внатрешни оштетувања, но „пежото“, како што се гледа на снимката, продолжило да бега. Сепак, полицијата потврди дека возачот бил пронајден по извршената потрага.