Со автомобил прегазил девојченце и побегнал

Засега неидентификуван возач со своето возило во четвртокот прегазил петгодишно девојченце, по што побегнал од местото на несреќата, соопшти во петокот Министерството за внатрешни работи.

На 13.02.2020 во 15.45 часот на улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото.

Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.