Со автомобил удрил во мечка и ја усмртил на патот Тетово-Јажинце

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 21 часот се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а нема повредени луѓе.

– Вчеравечер (5 октомври) во 21 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот М.П. од Скопје, удрило во мечка и ја усмртило. Нема повредени во возилото, додека мечката е предадена на Националниот парк „Шар Планина“. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово – информираше портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.