ВИДЕО: Со автомобил удрил во сендвичарницата, четири лица повредени

44
Четири лица се повредени во Битола кога автомобил удрил во сендвичарница на Ат пазар, јавува битолската телевизија Тера.
Несреќата се случила околу шест часот кога возачот на автомобил „цитроен ксара“ од непознати причини изгубил контрола над автомобилот и удрил во сендвичарницата. Лицата кои се повредени во тој момент седеле во близина и го пиеле своето утринско кафе.
Сите се пренесени на клиниката во Битола. Тројца од нив се со тешки телесни повреди, а едно лице со лесни повреди. Возачот на автомобилот не е повреден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.