Со Бајден се подобрува имиџот на САД кај европските и азиските партнери, истражување

Имиџот на САД во странство изразено се подобрено откако Џо Бајден го замени Доналд Трамп на претседателската позиција, покажува испитувањето на Pew Research, спроведено во 12 земји, главно во Европа и Азија, чии резултати се темпирани за првата посета на Бајден на Европа и неговото учестви на важните самити на Г7, НАТО, Европската унија и средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Истражувањето за 2021 година, од кое резултатите се објавени во четвртокот, покажуваат дека 75 отсто испитаници веруваат дека Бајден „прави исправна рабнота во меѓународните односи“, додека само 17 отто испитаница тоа го сметале за Трамп минатата 2020 година.

Вкупно 62 отсто испитаници имаат позитивно мислење за САД во 2021 година, што е раст во однос на 34 отсто минатата година. Уделот на испитаниците кои имаат негативното мислење кон САД паднала од минатогодишните 63 на 36 отсто.

Pew Research го спровеле истражувањето од 12-ти март до 26-ти мај во 12 земји: Канада, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска, Велика Британија, Австралика, Јапонија и Јужна Кореја.

„Во текот на мандатот на Доналд Трамп, јавноста ширум светот имаше ниско мислење за САД, а најмноги се противеа на надворешната политика на Трамп“, се наведува во извештајот.

Се додава дека во испитувањето е утврден „значителен раст на рејтингот за САД, со силна поддршка за Вајден и неколку негови големи иницијативи“.
Истражувањето во случна група од 12 земји, кое ја вклучувало Грција а без Белгија, сугерира дека оцената за Бајден е рефлексија на позитивниот став за неговиот карактер, за неговите ставови за климатските промени и фраќањето на САД во Светската здравствена организација (СЗО – WHO), наведуваат од Pew Research.

Дури 77 отсто од испитаниците сметаат дека Бајден добнро е квалификуван за извршување на својата работа, додека само 16 отсто го сметале тоа за Трамп.

Бајден за опасен го сметаат 14 отсто од испитаниците а 13 проценти сметаат дека е арогантен. Агенцијата прави споредба со 2017 година, во првата година од мандатот на Трамп, кога според нив 72 отсто го сметаел опасен а 90 отсто арогантен.