Со бекатонска плочка му ја расцепил главата на својот брат

Жител на тетовското село Челопек со бекатонска плочка го удрил својот брат по главата,  по претходна расправија.

Инцидентот се случил завчера пред куќата на Ф.А.(65) кога од засега непознати причини почнал расправија со својот брат Ш.А.(57) и неговиот син Б.А.(27) кои копале канал за поставување водоводни цевки, објави Дневник.

Расправијата набрзо прераснала во физичка пресметка по која повозрасниот од браќата влегол во куќата. Таму нашол парче бекатон, па се вратил назад и со него го удрил Ш.А. по главата.

Случаен минувач, со своето возило го пренесол Ш.А. во тетовската клиничка болница, од каде што по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Полицијата подоцна го привела насилникот, а против него ќе поднесе кривична пријава.