Со бензин се обидел да ја запали куќата на роднините

Жител од скопското село Кадино со бензин сакал да ја запали куќата на роднините, но за среќа пожарот навреме бил изгаснат, а огнот ја зафатил само плевната во дворот.

Според полицијата, И.В.(42) вчера во 15 часот отишол во дворот од куќата на неговиот роднина С.Ѓ. (48) и со канта бензин ја полил кантата за отпадоци и ја запалил. Огнот се проширил на плевната, но за среќа соседите и екипата на Противпожарната бригада навреме интервенирале и не дозволиле пожарот да ја зафати куќата.

Во пожарот нема повредени лица. Полицијата го уапсила И.В. и кај него пронашла еден гасен пиштол.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.