Со Бил Гејтс ќе го унапредуваме примарното здравство

Нашата држава ќе се приклучи кон Иницијативата на Бил Гејтс за перформанси на примарна здравствена заштита која ќе овозможи вмрежување и пристап до меѓународна експертиза во здравствената заштита.

Оваа одлука денеска ја донела Владата на 136-та седница, а како што соопшти владината прес-служба, вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зајакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здравствена заштита.

– Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската здравствена организација и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здравствена заштита. Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здравствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здравствена заштита. Северна Македонија станува дел од ова тело, на покана токму на Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита, појаснуваат од Владата.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.