Со црн домат против ракот

Црниот домат има голем потенцијал да го спречи проширувањето на ракот во организмот, бидејќи содржи Anthocyanin, антиоксиданс кој ги убива неговите клетки. Сега, за прв пат се одгледува во Велика Британија.

Необичната боја на зеленчукот доаѓа од пигментот на црната боја, кој се добива кога е изложен на сонце.

Реј Браун е 66 годишен старец кој се занимава со земјоделие. Ја пронашол оваа билка, кога еден од неговите клиенти му пратил пакет, означен со натпис „црн домат“.

Тој решил да го посади семето и доматот се покажал како мошне корисен.

– Мислев дека се работи за некоја шала, но кога го засадив семето и добив плодови бев многу изненаден од производството, изјавува Реј.

Вкусот на доматот е многу јак, но сепак ова е еден многу здрав зеленчук, кој допрва треба да се испита целосно.

По истражувањето сигурно ќе се појават уште многу бенефиции на ова растение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.