Со долг Covid-19 погодени 17 милиони луѓе во Европа

Најмалку 17 милиони луѓе во Европа во текот на 2020 и 2021 година биле погодени од долготрајна коронавирусната болест Covid-19, според процените на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), кој повика на подобра нега за тие пациенти.

Тоа претставува повеќе од 16 отсто од 102,4 милиони заразени со коронавирусот во првите две пандемии во 53-те европски земји, се наведува во објавата на СЗО од вторникот.

Заморот, кашлањето, краткиот здив, повремено зголемената телесна температура, губењето на вкусот и мирисот, како и депресијата се некои од симптомите на долготрајниот Covid-19 кои се јавуваат вообичаено во првите три месеца по заразата и траат најмалку два месеца.

„Два милиона луѓе во нашиот регион, во Европа и централна Азија, патат од исцрпувачките симптоми повеќе месеци по почетната зараза со Covid-19. Тие не смеат и натаму тивко да патат“, се цитира писмената изјава на регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

„Владите и здравствените партнери мора да соработуваат за да се најдат решенија“, додава Клуге констатирајќи ја „итната потреба за понапредна анализа, поголемите вложувања, поголема поддршка и поголемата солидарност со оние коишто патат до оваа болест“.

Долгиот Covid-19 двапати повеќе ги напаѓа жените според СЗО, чиишто процени се темелат на пресметките на Институтот за здравствена метрика евалуација (IHME). Според овој извор, чиешто седиште е во САД, речиси 145 милиони луѓе во светот биле погодени со долготраен Covid-19 во 2020 и 2021 година.