Со донација од Олга Костовска и пријателите ќе се реконструираат скалите и платото пред Музејот на современата уметност

149

Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и Претседателот на Надзорен одбор г-ѓа Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател. Таа е позната во јавноста како успешна жена во македонскиот бизнис, мецена на културата, уметноста и образованието и голем донатор, кој знае да го даде својот придонес онаму каде што е најпотребно.

Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовните годишни активности и досега се реализирани неколку дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.

Со оваа лична донација наменета за Музејот на современата уметност, Олга го одбележа својот 45ти роденден и повторно ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата. Наместо подароци, овојпат Олга и нејзините пријатели дадоа свој допринос за реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна вредност од 600.000 денари со што ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Голема благодарност од тимот на Музејот на современата уметност до Олга и нејзините пријатели за оваа значајна донација за Музејот на современата уметност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.