Со една просечна плата во Македонија се купуваат околу 370 литри бензин, а во Норвешка речиси 2.000 литри

Аналитичкиот оддел на Picodi.com објави Студија за тоа колку литри бензин може да се купат со просечна плата во 115 земји.

Студијата покажа дека во некои региони, и покрај недостигот на нафта, бензинот за населението е повеќе од достапен, додека во други земји судејќи според големината на платите и цената на литар гориво, автомобилот сѐ уште е луксуз.

Во Бугарија, со просечна цена од 2,06 лева за литар бензин и просечна нето плата од 937,40 лева, може да се купат 454 литри гориво (ако човек се откаже од сите други трошоци за живот)

Во Србија и во Македонија оваа бројка не е повеќе од 370 литри, во Романија и во Грција – не повеќе од 560 литри. Последното место на листата во балканскиот регион го зазема Албанија со 218 литри, каде не само што платите се ниски, но и бензинот е скап (поскап е само во Грција).
Во Турција за една месечна плата можат да се купат 386 литри бензин.

Луксембург и Швајцарија имаат најдобри позиции во Европа и покрај тоа што немаат нафтената индустрија. Таму бензинот е за 20-30 евроценти поскап, но нивото на платите е толку високо што според статистиката вработените жители на Луксембург можат да си дозволат повеќе од 2800 литри бензин, а оние во Швајцарија – над 3300 литри.

Во Норвешка, каде што нафтената индустрија е високо развиена, просечниот граѓанин може да обезбеди скоро 2000 литри бензин согласно неговата месечна плата.

Лидер е Венецуела, каде што просечната цена на литар бензин е 0,000000002 долара и со просечната плата во земјата од 29 американски долари, човек може да си купи … повеќе од 14 милијарди литри. Но, дали ова се смета за нешто позитивно и дали е елоквентна споредба? Според неодамнешниот извештај, јајцето во Венецуела чини колку што чинат околу 93,3 милиони литри бензин.

Во Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати цените на бензинот се разликуваат по околу десет центи, но со една просечна плата може да се купи од 4900 до 6500 литри од горивото. Во соседна Саудиска Арабија индикаторот малку се влошува – само 3300 литри.

Највисоките позиции на земјите како што се САД, Австралија и Канада лесно се објаснуваат не само со нивото на платите, туку и со обемот на производството на нафта. Една друга нафтена сила, каква што е Русија, не може да се пофали со особено забележителни резултати: во првите шест месеци од годинава со една просечна плата можело да се купат 887 литри бензин, иако земјата од долги години е еден од светските лидери во екстракција на масло.

Во Куба и во Мадагаскар, според Picodi.com, не можете да купите ни 50 литри бензин месечно со просечна плата.

Истражувањето се базира на просечната цена на 1 литар бензин А-95 во последните шест месеци (јануари-јуни 2019 година), како и на официјалната статистика за просечна плата во секоја од анализираните земји. Објавените пресметки се илустративни, со претпоставка дека целата просечна плата се троши само на бензин.