Со фиктивни анкети Бугарија го спасува Заев за да го доврши ветувањето за промена на историјата и идентиетот?!

Дали соочени со пад во довербата на граѓаните и бројните скандали кои ги следат, СДСМ и Зоран Заев се обидуваат политички да преживеат преку Бугарија? Дали поради тоа директно од Бугарија и заради бугарските интереси се објавуваат фиктивни анкети кои треба да го спасат Заев за да ги доисполни дадените ветувања на Бугарија, пишува Курир.мк

Упатените коментираат дека последната анкета која ја објави Брима е токму тоа, бугарска помош при обид за политички спас на Зоран Заев.

Според нив позади оваа анкета стојат медиуми кои важат за блиски до СДСМ, а неа ја спроведува Андреј Рајчев кој е основачите на агенцијата Брима ДОО во Македонија.

Да потсетиме, Рајчев е познат по своите ставови како докажан антимакедонист, човек близок до Бојко Борисов кој се залага за бугаризација на Македонија. Како една од неговите идеи за постигнување на таа цел е отворање на бугарски универзитет во Македонија. Според него на тој начин првиот чекор е студентите да станат блиски до Бугарија. Во интервју за „Дојче Веле“ тој нагласи дека тоа е од интерес за Бугарија.

„Зошто, на пример, во Скопје да нема бугарски универзитет? Како што во Благоевград има Американски универзитет. Дипломираните од тој универзитет не стануваат Американци, но стануваат блиски на Америка. Таму доаѓаат пари од Америка, доаѓаат експерти од Америка- и се претпоставува дека голем процент од дипломците на тој универзитет се проамерикански настроени. И тоа е целосно легитимно, не е некаква пропаганда или агитација. Тоа е едноставно голема услуга која тие луѓе ја добиле од една држава“, рече Рајчев во интевјуто.

Оваа желба на Рајчев, Зоран Заев делумно му ја исполни. Во мај оваа година владата предводена од СДСМ и Зоран Заев даде одобрение за отворање на бугарски универзитет во Македонија, кој не случајно се вика речиси исто како нашиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, односно ВЕЛИКОТРНОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Свети Свети Кирил и Методиј“.

И додека експертите и граѓаните реагираа за овој потег кој патем се коси со Законот за авторски права и индустриска сопственост, Законот за установите и членови од Законот за трговски друштва, само за владата на Заев нема никаков проблем. Тие ревносно го бранеа одобрението за отворање на бугарски факултет во Македонија под исто име со македонскиот.

Според познавачите на проблематиката затоа Бугарија има потреба Зоран Заев да остане на власт, а пораз на локалните избори би значела разнишана власт и можни предвремени парламентарни избори и пад на власта на СДСМ и тоа не е и одговара на Бугарија.

„Тие имаат интерес Заев да го доисполни ветеното дадено пред Борисов, односно промена на македонската историја, признавање дека Македонците пред 1945 година биле Бугари, како и дека македонскиот јазик бил бугарски. И тука не се застанува, барањето е преку фалсификување на историјата до променет македонски идентитет. Заев треба да исполни дека се бугарски корените на македонскиот современ идентитет од илинденскиот период, затоа Бугарите активно се вклучуваат во кампањата во Македонија за да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев“, додаваат упатените.