Со гасот во Европа се тргува од 1.100 до 1.140 долари

Цените на гасотво Европа на пазарите во средата претпладнето варираат меѓу 1.100 и 1.140 долари за илјада кубни метри, што е блиску до цената постигната претходниот трговски ден, покажуваат податоците ид лондонската берза ICE.

Априлските фјучерси според индексот на најголемиот европски хаб холендскиот TTF го отвори денешното тргување на нивото од 1.103,3 доларим. Но веќе во првите минути од тргувањето цената порасна на 1.137,4 долари, но во продолжението од претпладневното тргувае повторно блако се намали. Генерално, со фјучерсите се тргува на ниво на порамнувачката цена од вторникот на 1.123,1 долари.