24 C
Skopje
недела, август 9, 2020

Со години имало шпион во кабинетот на Меркел

195

Лице кое со години шпионирало за египетската разузнавачка служба е откриено во канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Соработник на главниот портпарол на германската влада, Стивен Киберт, бил изложен како египетски агент.

Вработен во службата за печат и информации на германската влада е осомничен дека работел за египетската разузнавачка служба последниве неколку години.

Федералната криминална служба презеде „извршни мерки“ против тоа лице во декември минатата година, по наредба на Федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој е претставен во Берлин.

Истрагата против тоа лице сè уште трае.

Обвинителството потврди за германски „Билд“ дека е покрената истрага против тоа лице поради сомневање за разузнавачки активности.

Според „Билд“, тој е државен службеник на средно ниво во владата.

Федералната служба за печат не сака да го коментира случајот, потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековните истраги.

Фокусот на активностите на египетската разузнавачка служба во Германија е да собере информации за египетската опозиција што живее во таа земја, се наведува во својот годишен извештај Службата за заштита на уставноста.

Во исто време, додаваат тие, фокусот на египетските разузнувачи првенствено е членовите на „Исламското братство“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.