21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Со голема повopка Амди Бајрам е испратен до вечното почивалиште

Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам денеска беше испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел.

Поворката тргна од семејната куќа на Бајрам во  Бутел, но помина и низ Шуто Оризари за сограѓаните да му оддадат последна почит.

Претходно, синот Габриел Бајрам повика достоинствено да биде погребан неговиот татко, но и да се почитуваат мерките со одржување дистанца и носење на маск

 

Амди Бајрам ќе биде погребан на муслиманската парцела зад Еврејските гробишта во Бутел.

Долгогодишниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.