ФОТО: Со голи гради против Ердоган

Активистки на организацијата „Фемен“ во Турција, вчера влегле во едно од избирачките места во Истанбул, ги соблекле своите маици, покажувајќи напишан слоган „Да го забраниме Ердоган“.
Со овој чин, тие го изразиле својот револт против забраната на Твитер и Јутјуб.

femen (1)

Полицијата веднаш интервенирала и привела две активистки.

Турскиот премиер требало да гласа на тоа избирачко место, но, откако бил известен за намерите на активистките, го сменил местото на гласање.

Активистките од групата „Фемен“, протестирале претходно и против одлуката на турската влада да го забрани пристапот до социјалните мрежи.