Со гостинска победа Интер се врати на второто место

Фудбалерите на Интер се вратија на второто место на табелата на Серија А откако во средбата од 22-то коло на гостувањето го совладаа Удинезе со 2:0.

Ова е првата победа на Интер по трите ремија во низа, а двата погодока ги постигна Ромелу Лукаку , првиот со удар од десетина метри во 64 минута, а вотиор седум мунити подоцна од пенал.

Дваесет и шестгодишниот Белгиец постигна осум голови на последните осум натпревари за Интер и стигна до 16 гола на 22 натпревари од италијанскиот шампионат за трето место на листата на стрелците. Поефикасни од Лукаку се напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 19 и Чиро Имобиле од Лацио со 25 гола.

До првиот погодок подобри беа домашните, но откако Антонио Конте во игра ги внесе Алексис Санчез и Марсело Брозовиќ, играта на „Нераѕурите“ се препороди. Брозовиќ учествуваше во акцијата за првиот гол, а Санчез го избори пеналот.

Интер со победата се врати на втората позиција со три бода помалку од лидерот Јувентис, а два бода повеќе од третиот Лацио. Удинезе е 15-ти со 25 бодови.

Лече на свој терен со 4:0 го победи Торино, а стрелци беа Алесандро Деиола во 12, Антонин Барак во 20, Филипо Фалко во 65 и Цанлука Лападула во 79 минута од пенал.

Со убедливата победа Лече остна на 17-то место, но сега со три бода повеќе од следната на табелата Џенова на Горан Пандев, која го држи местото кое води во квалификациите за опстанок во Серија А. Торино по одличниот почеток на сезоната, продолжува со променливите резултати и падна на 12-то место со 27 бодови.