Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

16

Поголема сигурност, континуитет и квалитет во давањето на услугите, како и нивна применливост што сега не е случај, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за пасишта.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, измените влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог – измени и дополнувања на текстот.

-Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата. Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис, информира МЗШВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.