Со Југо летнал во река, кавадарчанец се здоби со повреди

26

Е.Б.(40) од Кавадарци е повреден откако со автомобил „Југо“ излетал од патот и паднал во реката.

Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила вчера во 20:30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко.

Со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.