Со какви професионални квалификации располага дополнителниот заменик за внатрешни Славјанка Петровска?

1308
Предлогот на СДСМ Славјанка Петровска да биде дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада го наметна вниманието на јавноста за стручните квалификации на овој кандидат наспроти кандидатот на опозицијата.

Ако се погледне оскудната биографија на Петровска, ќе се види дека во МВР доаѓа како техничка асистентка на Оливер Спасовски како помлад соработник од одделението за протокол во Собранието. Таму била долги години асистент на пратениците на СДСМ. Ѝ била омилена на Радмила Шекеринска, во чија корист и постирала фејсбук постови во нејзината внатрепартиска пресметка во СДСМ, пишува Република.

Иако сите нејзини колеги врсници дипломирале и почнале со развој на професионален план, Славјанка продолжува со силен партиски активизам во корист на СДСМ. Нејзин омилен таргет е ВМРО-ДПМНЕ. Речиси нема недела во која таа не ги напаѓа жестоко политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Како поддржувач на Шекеринска, таа цврсто застанува зад кандидатурата на Стево Пендаровски, но и зад Зоран Заев.

Откако од обичен технички асистент Спасовски ја унапредува во државен советник и шеф на неговиот кабинет, таа со кумановецот Митко Бојмацалиев, исто така унапреден за советник во МВР од Собрание, стануваат двајцата најревносни мегафони на Фејсбук на политиките на СДСМ и нападите врз ВМРО-ДПМНЕ. Немајќи никакви други дополнителни квалификации и вредности освен партиските, Славјанка е тврдо партиско решение на СДСМ за ресосорот МВР.

Со кој било докажан и искусен припадник на безбедносниот систем таа нема да биде во состојба да се носи и оттаму е целата оркестрирана канонада на напади на Заев врз концептот на професионални и истакнати личности за технички министри на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.