Со камион удрил во ограда во Драчево, починал на лице место

Едно лице загина во сообрќајна несреќа што рано утрово се случи на улицата Драчевска во истоимената скопска населба, информира полицијата.

Според првичните информации несреќата се случила кога товарно возило „ТАМ“ удрило во ограда по што возачот починал на лице место.

Полицискиот увид е во тек по што ќе бидат познати повеќе детали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.