Со камион удрил во паркирани трактори

Возач на камион е тешко повреден, откако со камион удрил во паркирани трактори, вчера во Владимирово, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.15 часот на улицата Маршал Тито во селото. Тогаш товарно возило „фолксваген ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(56) од село Русиново, удрило во два паркирани трактори.

Притоа возачот на  камионот бил тешко повреден и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово и се работи на целосно расчистување на случајот.