Со кампања ќе се крева свеста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата која што следи треба да се подигне свеста кај оние граѓани кои не сакаат да вакцинираат.

– Тоа е единствениот начин со која што ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент ситуацијата во Гостивар е навистина стабилна, по десетина хоспитализирани пациенти. Меѓутоа, тоа не е знак дека граѓаните сега треба да се опуштат и да не се носат маските или да не се држи дистанца заради тоа што гледаме какви зголемувања на бројките, еве во некои други градови, Кавадарци, Прилеп и Охрид сега се навистина со зголемен број дијагностицирани, но и хоспитализирани пациенти. Така да се надевам дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките псоебно сега кога има зголемен број дијагностицирани пациенти со британската варијанта на вирусот којашто многу полесно се пренeсува заради тоа што тоа се мерките до коишто и понатаму ќе мора сите да се придржуваме, изјави Филипче.

Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.

– Нема таква индиција заради тоа што порастот не е таков како што беше почетокот на ноември. Има благ пораст што не е ризик за болничките капацитети, но секако е причина да бидат граѓаните апсолутно многу внимателни, истакна министерот Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.