Со која памет некој поверува дека ќе влеземе во ЕУ?

1157

По истата логика и УЕФА ги кани сите клубови да играат во Лига на Чампиони, им викаат на нашиве – „Уџите, уџите, не се свлачите, домачинска куча, само напред, врата отврена” – ко на бокс скрос раширена 15 сантима! Фудбалските, пак, клубови се и повлaстени , не чекаат ни датум, одма може и секако викаат – Учичемо, свакако, само навивачи да ги соберемо на трибини.

Али факин „правила, правила, да би ме удавила”, … требало голови, победи, ред во играта, не смееш да имаш местени наптревари… па, како бре друже судија? На ферски немогуче је да се уџе! Гуче је, гуче, учичете, само тренирајте, инвестирајте и биче, једног лепог дана-медитерана.

И еден ден ќе созрее некој Вардар, кој ќе разара се’ живо и диво и се вложил да игра во ЛШ, арно ама, кога веќе ќе дојде да влезе ќе нема каде, ЛШ нема више, сега има некоја повисока лига, некаква Северно-Американско-Европско-Кинеско-Руска унија у која за да играте ќе ви треба 4 пути поише… нејсе. Нема зијан од развојот кој сте го имале, напротив, важно ќе созадеме достоинстевен тим кој во други нивоа на натпревари ќе ниже успеси и клубот ќе расте и напредува. Дури и да не заиграш во ЛШ, ама да работиш како да ќе играш – само можеш да добиеш. Реално – „никаТ“ нема да играме таму у финале, секому му е јасно и тоа не зависи од пустите неши желби во срцата, подвигот баре многу време и вложувања, премногу.

На твитер постои рубрика „#нијеседесило”, кога некој ќе каже случка, а шарените проценат дека не одговара, одма се стигматизира со „нијеседесило“. Мене пробаа да ме изгорат со една вистинска случка ама нејсе, мање битно, ја исплакнав „павлаката“ и задржав добра хигиена. Приказната што ќе ви ја кажам одма да си ја прогласите за „лажна“, а мене за лажов, оти повеќе од деценија јавно ја говорам ама еве и да ја напишам со мастило на хартија (бре) и секако без грам доказ.

Пред многу години и 30 килограми повеќе, непосредено пред почетокот на емисијата ми моја бурекџиска, во ТВ ме викнаа на некаков состанок без најава. Обично се кострешев на такви работи, не сум ко денес шприцезиран. Ок, влегов во офисот, а таму беа двајца блазирани, испеглани, млади, ко под конец средени, со кожни папки пред нив кои беа поскапи од моите кондури. Срдечни и насмеани, наликуваа на оние протестантски илустрации од 60-те во САД. Не ми се претставија, само љубезно се поздравија, иако по физиономија не наликуваа на Македонци, личеа повеќе на странски емисари, но говореа политературно и од мене. Додека седнував ги загледав реверите и забележав значки – шестар со G во средината. Дигнав веѓа и не дозволија да прашам веднаш ми рекоа, Да, припадници сме на ложа, намерно ти покажуваме да знаеш и сакавме да Ви кажеме неколку работи. Да скратам детали кои и тоа како се интересни, ми рекоа следно, па во најкратки црти :

Македонија ќе го смени името
Македонија ќе влезе во НАТО
Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ
Македонија ќе има статус како Панама

Разберете ова е ден после самитот во Букурешт. Прашав зошто мене, зошто јас ? И веднаш додадов дека немам намера да ја ширам нивната теза како пропаганда. Веднаш ме пресекоа, битна фигура си, и знаеме дека и да кажеш никој нема да ти поверува, сакавме само ти да знаеш, толку, без никакви обрски.

Никогаш не ги видов повторно, никогаш не дознав кои се и зошто и никогаш нивните тези не ги продавав медиумски, но секако дека веднаш го опишав целиот разговор јавно, утредента и потоа уште неколку пати подоцна. Може биле платени кловнови да ме шупчат кои наместо во смешни одела дојдоа во креации на Boss со Ферагамо ципела и ролекси на рацете, или сум лапнал некоја од оние гљиве-лударе, па се ми се сонило, не знам. Денес, по 12 години, скоро се’ што кажаа се оствари и се остварува. Јас немам капацитет за геостратешки анализи, но само памет ме држи и само се сеќавам. Заклучок, требит? Само на глупиот му треба, паметните одмна сфатиле, другите се занимаваат со кусогледа партиска пропаганда. Среќа, некој ме сметал за фактор и фала му, некако, од ова влечам одоговори што и како понатаму јас лично. Се прашувам и убеден сум, дали посетиле и некој политичар? Чуј, посетиле, 100% воркшоп им правеле, оти сигурен сум дека не се абдали само до свињарникот на Јанко да дојдат, сигурно имале турнеја, но очигледно тие на кои им се тресете како јавни фаци со „реноме“, ниту послушале, ниту разбрале, а зошто… одговорите ги имате, слушнавте одамна, ви беа кажани, само не можете да ги чуете.

Побарајте ја од Suzi Quatro – Keep A Knockin’, добар, стар рокенрол да ви разубави денот

„This song is dedicated to all you 16 year-old girls out there.
You know when all those boys come around asking you all for a date
You just got to sit back and be cool and tell ’em one thing”.

You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
Come back tomorrow night and try it again

You say you love me, but you can’t come in
You say you love me, but you can’t come in
You say you love me, but you can’t come in
Come back tomorrow night and try it again

You say you love me, but you can’t come in
You say you love me, but you can’t come in
You say you love me, but you can’t come in
Come back tomorrow night and try it again

You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
Come back tomorrow night and try it again
„Now on this next bit here I want everyone to sing along with me. It’s very easy.
All the boys gotta sing ‘You keep a-knockin”and all the girls gotta sing
‘But you can’t come in’. You got that? Let’s try it“.

You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
You keep a-knockin, but you can’t come in
Come back tomorrow night and try it again

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.