Со кого зборуваше Стево Пендаровски по телефон, со Манчевски или со Енвер?

Фамозниот телефонски разговор на Стево Пендаровски со извесен Енвер од Зајас, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Можеше да се прочитаат најразлични коментари и негодувања, па се до претпоставки дека Стево всушност разговара со Дамјан Манчевски кој е во соседната канцеларија.

По овие реакции за тоа со кого кандидатот за претседател на државата на опозициската СДСМ, Стево Пендаровски, разговараше по телефон и закажа кафе-маубет, Нетпрес, реши да истражи кој всушност е Енвер.

Пронајдовме еден Енвер Усеини со кого Пендаровски навистина имал конверзација на Фејсбук во петокот, што може да се види од сликата.

фб

 

Енвер Усеини, според споделените информации на својот профил на Фејсбук, има завршено стоматологија на Медицинскиот факултет во Софија.

фб2

 

Доколку Пендаровски не зборувал со Манчевски, туку со Енвер, дали ова е тој човек како што наведува комуникацијата од фејсбук? Дали Стево ќе го удостои Енвера со кафе, како што му закажа на видеото?

Дали со ваквите потези, Пендаровски повторно пробува да и се умилкува на Албанците, како што им се додворува на Бугарите? До кого се ќе продолжи да се умилкува Пендаровски само за да дојде до претседателската фотеља останува допрва да видиме.