Со колку агенции за јавно мислење до сега Заев во владата имаат склучено договори, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Со колку агенции за јавно мислење до сега Заев во владата имаат склучено договори?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев да не се крие зад владини соопштенија и да одговори дали со државни пари финансирал агенции за мерење на јавно мислење, кои потоа излегувале со анкети на кои тој и СДСМ имаат добар рејтинг? Дали Заев со пари на народот платил агенција за мерење на јавно мислење за една потреба, а таа иста агенција после неколку месеци прави политичка анкета на која резултатите се поволни за него? Колку чини власта на Заев и дали народните пари се злоупотребуваат во директна политичка кампања?, прашуваат од партијата.

Од таму исто така прашуваат дали и колку од тие агенции кои ги платила владата до сега излегле со анкета за локалните избори, и дали тој резултат е во полза на Заев?

-Тоа што Заев редовно го прави во Македонија, во Австрија која е земја членка на ЕУ, дури и да постои сомнеж за тоа, цела влада си дава оставка, да го следеше Заев тој пример до сега требаше едно 1.000 пати да си даде оставка. Но кај Заев нема ништо европско, тој дури и кога е фатен инфлагранти во криминал не дава оставка, туку се крие и бара изговори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.