Со коронавирус се заразиле 92 македонски граѓани кои биле ревакцинирани

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти, што според Филипче е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.

Според Филипче, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.

„Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани“, рече Филипче.

Апелираш до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.

Како што кажа во продолжение, засега не се планирани нови рестриктивни мерки.

„Размислуваме дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври. Ги пратиме искуствата од другите земји, секаде има дебата дали треба да има некакви рестракции за невакцинираните“, рече Филипче.

Меѓутоа, во фејсбук објава на профилот Магдалена Стојмановиќ, од понеделникот  се открива дека во тетовската болница починало лице заболено од Covid-19, иако претходно било вакцинирано со две дози против ова заболување.

Наспроти ова, во досегашните официјални известувања од Министерството за здравство се потенцира дека ниту еден од починатите од коронавирус, не биле целосно вакцинирани.

Во споменатата објава се конкретизира дека 61-годишниот Милан Пауновски, според кажувањето на неговиот син Ристе Пауновски од тетовската редакција на „Мој збор“, починал во тетовската болница како последица на коронавирусот.

„Во истиот момент кога ги дознавав детаљите за здравствената состојба на мојот колега и пријател, работев вест за тоа дека вакцинацијата е безбедна и дека не постои НИТУ ЕДЕН смртен случај во Македонија со две дози примена вакцина. Изворот секако беше официјалната страна на Министерството за здравство.
По објавената вест, мојот колега, кој е моментално во болница, ме информира дека веста е сосема погрешна и дека токму неговиот татко кој вчера почина во тетовската болница имал примено две дози на вакцини, како и неговата мајка која имала примено исто две дози на вакцини, а се разболела и моментално е во тешка здравствена состојба.
*Податоците за смртниот случај во Тетово што ги изнесов во текстот, се изнесени во согласност со мојот колега Ристе, инаку син на починатиот г.Пауновски и имаат за намера да информираат за малку поинаква квалитативна слика, која немаме баш прилика да ја создадеме при сиот тој силен ПР на Министерство за здравство, графикони и табели со бројки што не значат НИШТО и апели за вакцинација кои се веќе со месеци тема број 1 на светско“, стои во објавата.
Во коментарите под текстот, се наведува дека и во Битола имало вакцинирани лица кои сепак починале од коронавирусот.