Со коронавирусот заразени помалку од 5 отсто од населението во Франција

Студијата којашто ја спровел институтот „Pasteur“ покажува дека само 4,4 отсто од француското населние, или 2,8 милиони луѓе, биле заразени со новиот коронавирус, што е многу повеќе од официјалниот број потврдени случаи но премалку за создавње на колективниот или ткн „имунитет на стадото“.

Во истражувањето објавено во средата во списанието Science, научниците посочуваат дека стапката на заразени во најпогодените делови на Франција, односно во источниот дел од земјата и регионот на главниот град Париз, во просек се движи меѓу 9 и 10 отсто,.

„Околу 65 отсто од населението би требало да биде имуно, доколку сакаме да ја контролираме епидемијата со помош на имунутетот“, се наведува во студијата.

Таканаречениот „имунитет на стадото“ се однесува на ситауција кога доволно жители се имуни на инфекцијата за да може ефикасно да се спречи ширењето на болеста.

Стапката заразени која ја изнесува институтот се однесува на 11-ти мај, денот кога Франција почна да излегува од речиси двомесечниот карантин.

„Последично, нашите резултати покажуваат дека само имунитетот на стадото без вакцина нема да биде доволен за избегнување на вториот бран по завршувањето на карантинот. Ефикасните мерки за контрола поради тоа мора да се одржуваат и по 11-ти мај“, велат научниците.

Вкупниот број починати како последица од заразување со коронавирусот во Франција се зголеми на 27.074 лица во средата вечерта, и е петта најголема бројка во светот. Во Франција има 177.700 заразени.

Институтот „Pasteur“, исто така, навдува дека карантинот воведен на 17-ти март во Франција довел до драстичен пад на стапката на ширење на коронавирусот, од 2,9 на 0,67.

Истражување спроведено во соседната Шпанија, исто така, објавено во средата, покажува слични резултати. Во неа се наведува дека околу 5 отсто од населението било заразено, како и дека нема колективен имунитет во оваа земја, која како и другите започна со ублажување на рестриктивните мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.