Народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе во однос на лани

Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе во однос на лани, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако Ковачевски е премиер цената на струјата за домаќинствата се зголеми и за речиси 50%, нашите сограѓани кои лани плаќале во просек 3.000 денари за струја месечно сега плаќаат минимум 4.500 денари. Загрозени покрај граѓаните се и бизнисите. Цената на струјата за фирмите со Ковачевски на власт е зголемена и за 400%. Со антимакедонската СДС и народот и фирмите се донесени на раб на опстанок. Потребни се итни мерки кои ќе значат помош за домаќинствата и фирмите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со антимакедонската СДС тоа се покажа како невозможно, затоа решение се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат оттаму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.