14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Со „квантни скокови“ Заев манипулира со нереални ветувања, но веќе никој не му верува!

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ:

Господине Заев, Наместо да чекорите со “квантни скокови”, направете само еден мал исчекор во 2021 со кој:

– ќе ги вратите луѓето кои ги изгубија своите работни места во 2020 година,
– ќе ги спасите компаниите кои секојдневно ставаат клуч на врата со што ќе спречите дополнителни отпуштања од работа во 2021 година,
– ќе обезбедите стапка на раст за толку колку што ќе биде рецесијата годинава,
– ќе го консолидирате јавниот долг со тоа што буџетскиот дефицит нема да биде поголем од стапката на раст на економијата во 2021,
– конечно ќе го достигнете нивото на просечна плата од 30.000 денари, нешто што со години го ветувате,
– ќе го сопрете одливот на странски инвестиции што реално се случува во изминатите неколку квартали,
– ќе ја подобрите бизнис климата за да не почнат и домашните инвеститори да го селат својот капитал од земјава, веќе има такви најави,
– конечно ќе го прекинете негативниот тренд на пад на продуктивноста, нешто што ви се случува од кога сте на власт,
– ќе обезбедите 150 милиони евра поддршка за домашните компании со цел зголемување на конкурентноста, нешто што го ветувавте пред изборите,
– ќе реализирате капитални инвестиции над 10% од вредноста на буџетот, нешто што не ви се случило од кога сте на власт,
– ќе ја намалите сиромаштијата под 20%, ветување кое во изминатите четири години не го остваривте,
– ќе ги реализирате во целост антикризните мерки што ги донесовте.

Но господине Заев, во услови кога знаете дека вашиот капацитет е недоволен да ги реализирате овие реални работи, очекувано е да се обидувате да манипулирате со некои нереални ветувања, нешто што го правите во целиот период од кога сте на власт. Само разликата денес е во тоа што повеќе никој не ви верува!