Со лажни ПЦР тестови сакале да летaат од Скопје за Швајцарија

Полициски службеници на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија за приложување на лажни ПЦР тестови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа во 19:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови“, се наведува во соопштението на Министерството.
Од Министерството информираат дека бил извршен разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивни пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.