Со мед и ореви против анемија и висок крвен притисок

Оревите и медот можат да сторат чудо со вашиот организам. Ви препорачуваме неколку рецепти за лековити прапарати, чии главни состојки се токму оревите и медот.

Анемија: Во половина килограм мед ставете половина килограм мелени ореви и сок од еден лимон, се измешајте заедно и земајте три пати на ден по една супена лажица.

Висок крвен притисок: За по природен пат да го намалите високиот крвен притисок земајте дневно 100 гр ореви и иста количина на мед 45 дена.

За чир на желудникот млекото од орев е вистински спас, а можете да го подготвите на еден многу едноставен начин. Ситно мелените ореви измешајте ги со топла вода во блендер се додека не се добие млечна смеса. Во млекото добиено на тој начин додадете две лажици мед и пијте 2-3 лажици пред секој оброк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.