Со минус 7 степени Берово утрово најстудено

Во Берово утрово е најстудено, -7 степени, а во Дојран се измренеи максимални три степени, соопшти УХМР.

Во Битола е -5, во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија и Струмица -4, во Штип, Крива Паланка и Маврови Анови -3, во Прилеп, Куманово и Попова Шапка -2 , во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Дебар и Крушево -1, во Охрид нула, степен е измерен во Виница и два во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко со максималната температура до 12 степени.