Со минута молчење во Европскиот парламент, бугарските европратеници изразија сочувство за трагичната несреќа на македонскиот автобус

Европратениците од Бугарија изразија во вторникот сочувство за жртвите и нивните блиски на смртоносната автобуска несреќа со минута молчење во Европскиот парламентм, кој оваа седмица заседава во Стразбур.

Бугарските пратеници од сите политички партии ја започнаа седницата
на бугарската делегација со една минута молк. Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи, од кои 12 деца.

„Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на
граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат
брзо закрепнување на повредените жртви“, стои во соопштението на
бугарските европратеници.

Минутата молк е одржана и за деветте жртви на пожар во старечки дом крај Варна, кој исто така се случи во понеделникот доцна попладнето.