Со мотото „Создади нова иднина – промени, проекти, победи“ ВМРО-ДПМНЕ оди на победа на изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите денеска го откри слоганот со кој ќе се претстави партијата на претстојните локални избори „Создади нова иднина – промени, проекти, победи“.

На претстојните локални избори на 17-ти октомври, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи под споменатиот изборен слоган во очекување потврда на истражувањата на јавното мнение објавени изминатиот периот и победа во најголемиот број општини.

Лидерот Христијан Мицкоски очекува дека ВМРО-ДПМНЕ, во најмала рака, ќе ги повтори избнорните резултати на општинско ниво од претседателските и од последните парламентарни избори, на коишто партијата победи во 39 општини и во Градот Скопје.

Тоа имено го потврдуваат и резултатите од интерните анкети кои телефонски ги спровела партијата.

Тие покажуваа, како што посочи Мицкоски, дека само во Штип двете партии и нивните кандидати за градоначалници се изрманети, додека во Велес во водство е ВМРО-ДПМНЕ со 3 отсто предност, во Прилеп партијата има 4-процентно водство како и во скопската општин Аеродром. ВМРО-ДПМЕ е во водство и во Неготино со 2 отсто, во Свети Николе со 5 проценти, а во Кочани, пак, СДСМ има водство од само 0,5 проценти. Во тек се уште анкети за другите општини.

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе биде претставен под редниот број 7. Првиот круг од локалните избори во Македонија ќе се одржи на 17 октомври, а кампањата започнува во понеделник на 27 септември.

Меѓународната заедница нема доверба во власта и нејзините намери и капацитети да спроведе фер и демократски избори, за што многу јасен показател е фактот дека првпат на локални избори во Македонија ќе има 300 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, смета Мицкоски