Со народни пари, Балистите, кои сквернавеа македонско знаме, ќе ја промовираат Македонија

Навивачката група на тетовскиот клуб Шкендија – Балисти, позната по честите антимакедонски навивања и инциденти, стана промотор на Македонија.

Со државни пари, преку Министерството за култура, на Балистите им беше финансиски поддржан дел од проектот „Запознајте ја Македонија“, со кој се цели јавноста да се запознае со спортскиот живот во Тетово, особено со клубот Шкендија и нивните навивачи.

 

„Ако го посетите Тетово нема да запознаете човек, без разлика дали е млад или стар, кој нема да каже ‘јас сум Балист’. Песните кои ги пеат, кореографиите кои ги прават, тоа е шоу што не се пропушта“, е делот од пропагандата од 90 секунди наменета за навивачите на тетовскиот клуб.

Со оглед на честите инциденти предизвикани токму од оваа тетовска навивачка група, како што се провокациите кон сопствениците и гостите на македонските угостителски објекти во градот под Шара, пеењето навивачки песни во кои се величи Голема Албанија, но и сквернавењето на државниот симбол – македонското знаме, се поставува прашањето кои се критериумите за добивање средства од Министерството предводено од Асаф Адеми, за колкава сума на пари станува збор и дали при доделувањето на средствата се земени предвид антимакедонските изблици на Балистите?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.