Со неприсуството на погребот на Горбечев, Путин испрати порака

Рускиот претседател Владимир Путин, со одлуката да не присуствува на погребот на последниот советски челник Михаил Горбачев, испраќа целена порака која го истакнува неговиот поинаков поглед на светот, смета еден од најистакнатите руски новинари.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Путин во сабота има „исполнет работен ден“, вклучително и интерни состаноци, меѓународен телефонски разговор и подготовки за економскиот форум во Владивосток следната седмица. Наместо присуство на погребот, рускиот челник во четвртокот ја посети московската болница во којашто Горбачев почина на 91-годишна возраст на почетокот од седмицата, и положи црвени рози крај ковчегот на добитникот на Нобеловата награда за мир во 1991 година.

Според 88-годишниот Владимир Познер, новинарски ветеран кој повеќепати го интервјуираше Горбачев и кој добро ја познава руската политичка елита, одлуката на Путин да не присуствува на погребот е пресметан политички потег.

„Мислам дека тоа е своевидна изјава. И не мислам дека г-дин Путин е особен обожавател на г-дин Горбачев. Тоа е негово право, не мора да биде. Мислам дека двајцата го гледаа светот значително поинаку“, вели Познер во интервјуто за Reuters.

Путин, кој распадот на Советскиот сојуз на чие чело тогаш беше Горбачев и во кој тој несвесно го водеше, го нарече „најголемата геополитичка катастрофа“ на XX век.

Познер, кој вели дека му се восхитувал на Горбачев и дека му се допаѓал, иако покојниот политичар го критикувал го нивниот последен телефонски разговор, вели дека ставот на Путин кон Борис Елцин, негов непосреден наследник а кој се смета за главен фактор на неуспехот на падот на Горбачев, бил сосема поинаков.

Тоа може да се види во сосема различните начини на коишто Кремљ му пристапил погребот на двајцата политичари. Ковчегот со Горбачев ќе биде положено во саботата во московската Сала на столбовите близу Кремљ, каде се одржани погребните церемонии на советските лидери Владимир Ленин, Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин и Леонид Брежњев.

Но иако на Гробачев ќе му биде доделена почесна воена стража, неговиот погреб иако со повеќе елементи, сепак, нема да биде државен. Наспроти тоа, Путин прогласи ден на национална жалост кога Елцин, човекот кој го именуваше за свој наследник, почина во 2007 година. Путин тогаш, заедно со светските челници, тогаш присуствуваше на големиот државен погреб и опелото во московскиот Соборен храм на Христос Спасителот.

Познер во врска со тоа сугерира дека желбата на Елцин да го засени Горбачев, кого го мразел, можеби била една од причина за распаѓање на Советскиот сојуз.

„Знаете дека Горбачев престана да биде претседател на СССР поради Елцин. Според моето мислење, Елцин го растури Советскиот сојуз токму за да стане претседател. Бидејќи, додека постоеше Советскиот сојуз, постоеше и претседателот Горбачев. А кога Советскиот сојуз исчезна, исчезна и претседателот Горбачев и го имавте претседателот Елцина“, додава Познер.